Прототип на летачкиот автомобил AirCar на компанијата „Klein Vision“ неодамна беше тестиран во Словачка. Неговата тајна е дека, по слетувањето, тој се претвора во стандардно возило во рок од три минути!
Производителот наведува дека AirCar има домет од 1.000 километри, со максимална брзина од 200 km/h. Возилото е тешко 1.100 килограми и може да пренесе 200 килограми дополнителен товар.
Кабината обезбедува удобност на возачот и совозачот, а посебен механизам за неколку минути го претвора авионот во класичен автомобил. Може да се користи за приватни цели, или како такси, се наведува. Тестирањето заврши успешно
AirCar леташе на надморска височина од 450 метри, за време на неодамнешното тестирање, и успешно слета на пистата на аеродромот, а од компанијата наведуваат дека возилото може да се остави и на редовен паркинг, пред хотел, трговски центар, канцеларија или куќа.
Засега нема информации за цената на футуристичкиот авио-мобил, но „Klein Vision“ тврди дека тие веќе имаат купувач.
Ние ги извршивме тестовите во согласност со прописите на ЕАСА. Планираме да испорачаме оперативен модел со мотор од 300 КС во следните шест месеци. Добрата вест е дека имаме клиент, рече професорот Стефан Клајн, технички директор на компанијата.