Едгард Перос со својата инвалидска количка поминал околу 14.000 км од периметарот на Мексико, спасувајќи ги повредените и болните кучиња.
Тој спасил скоро 500 кучиња во последните шест години. Неговата понизност и сочувство кон сите суштества е неопислива.
На пример, кога ќе најде куче кое е премногу повредено за да преживее, Едгардо легнува со него на патот, за да има друштво во моменти додека се преселува на друг свет.
Неговиот несебичен став и љубовта кон овие животни и луѓето што ги среќава се неверојатно инспиративни.
Едуардо (49) ја препознава болката на кучињата што ги наоѓа како напуштени по патиштата и ги спасува.
Она што најмногу го боли не се оставенире кучиња, туку луѓето што го прават тоа. Тој смета дека на секој што се наоѓа во оваа ситуација, без разлика дали е личност или животно, му треба дружба и љубов. Во изминатите шест години, тој спасил и нашол дом за повеќе од 500 болни и повредени кучиња. Пропатувал скоро 14.000 километри, а до целта има уште 1.432 километри.
Едгардо има свои три кучиња кои му се верна придружба уште од почетокот на своето шестгодишно патување. Тој на болните кучиња им овозможува лекување, сите ги вакцинира и кастрира, а потоа им наоѓа дом.
Погледнете и видео каде е Едгардо и што прави сега: