Сите знаеме колку е важна водата. Редовното пиење на вода има бројни предности, а одржувањето на здравјето на бубрезите, кожата, мозокот и дигестивниот систем се само некои од нив.
Во летните месеци, кога температурите се повисоки, водата е исклучително важна, а доколку не ја внесете во доволно количини, телото јасно ќе ви го покаже тоа.
„Преку лето телото со потење и дишење губи повеќе течности и го зголемува ризикот од дехидрација. Најчест показател за недостаток на вода е жедта, а може да се појават и главоболки, замор, сува уста и мачнини“, вели д-р Кејт Гримс за Метро.
Знаци кои укажуваат на тоа дека пиете премалку вода:
- жед
- главоболка
- мокрача со темно жолта боја или јак мирис
- вртоглавица
- мачнини
- сува уста
- сува кожа
- лош здив
- замор
- проблеми со концентрација
- ретко мокрење
Наведените симптоми укажуваат на блага дехидрација, но кај потешките случаи е потребно да се обратите на лекар. Тоа направете го доколку имате слаб пулс, напади, не сте мокреле цел ден, лошо ви е кога ќе станете или сте збунети и деконцентрирани.
Посебно внимание е потребно кај децата и повозрасната популација, но и спортистите бидејќи кај нив ризикот од дехидратација е поголем.
Исто така, доколку сте дехидрирани, немојте одеднаш да пиете голема количина на вода, туку земајте помали голтки.