Овие работи треба да се чистат секој ден

620

Секоја жена посакува да има чист и среден дом, но едноставно понекогаш нема доволно време за да чисти и средува постојано.

Покрај тоа, одредени делови и предмети во домот бараат поголемо внимание од другите и посебна внимателност кога станува збор за чистењето.

Ретко која жена практикува секојдневно да чисти низ домот и да брише прашина, но овие девет предмети се од оние коишто треба задолжително да ги чистите секој ден.

Кујнски крпи

Извесни истражувања покажале дека пешкирите и крпите коишто се користат во кујната многу брзо се валкаат па затоа е потребно многу често да се менуваат. Истото важи и за пешкирите кои секојдневно се користат во бањата. Затоа, пешкирите и крпите менувајте ги на неколку дена, па дури и секој ден доколку сте повеќечлено семејство.

Клучеви

Клучевите имаат повеќе бактерии и од копчињата на лифтовите. Многу ретко луѓето ги чистат и дезинфицираат своите клучеви, а забораваат дека постојано ги допираат со валкани раце. Покрај тоа, клучевите ги чуваме во валкани џебови, а понекогаш ги ставаме на земјата. На тој начин, голем број на бактерии и инфекции внесуваме во нашите домови. Затоа, запомнете дека е многу важно да ги чистите вашите клучеви!

Плочките во бањата

За да ја олесните работата и полесно да ги чистите плочките во бањата, по секое бањање поминете ги со тушот и потоа убаво пребришете. Доколку ја одржувате бањата сува, спречувате појава на мувла и бактерии.

Сунѓерот за миење садови

Сунѓерот за миење садови е можеби еден од највалканите работи во кујната. Со него миеме садови, даски за сечење, а понекогаш и другите елементи од кујната. Најдобар начин за да го дезинфицирате сунѓерот е во микробрановата печка. Најпрвин убаво измијте го, а потоа мокриот сунѓер ставете го во микробрановата печка неколку минути. Но, внимавајте доколку забележите чад веднаш исклучете ја печката!

Мијалници во кујната и бањата

Можеби мислите дека поради честото миење на рацете и садовите, мијалниците се постојано чисти. Но, тоа не е вистина. Голем број на бактерии и микроби се задржуваат на мијалниците.

Валкани садови оставени во вода во мијалникот

Оставањето на садовите во мијалникот до наредното утро е најлошата навика која можете да ја имате. Најдобро е садовите да ги миете веднаш по оброкот. На тој начин одлично ќе ја одржувате хигиената во кујната.

Даска за сецкање

Доколку користите даска за сецкање од дрво, тогаш потопете ја во оцет и вода и оставете да отстои неколку минути. Ова практикувајте го по секое сецкање на храната. На овој начин ќе ги уништите сите бактерии на површината. Исто така, сите даски за сецкање треба да се чистат и дезинфицираат што почесто. За да го нарпавите тоа користете смеса од една лажичка сода бикарбона во половина литро топла вода. Со течноста убаво поминете на површината на даската, оставете 5-10 минути да отстои и потоа убаво измијте со вода.

Четки и сунѓерчиња за шминка

Доколку користите исти четки за шминкање подолго време, тогаш голема е веројатноста тие да содржат голем број на бактерии коишто можат лошо да влијаат врз кожата на вашето лице. Затоа е многу важно постојано да ги чистите четките и сунѓерчињата за шминка, така што ќе ги ставате во топла вода со сапун по секое користење.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.