ЗДРАВЈЕ

Овие луѓе треба особено да бидат внимателни во врска со коронавирусот кога мерките ќе олабават

By kukuriku

May 05, 2020

Научниците велат дека дебелината може да биде најголемиот фактор на ризик за развој на тешка форма на коронавирус.

Досега, научниците откриле дека постарите лица, без оглед на нивната тежина, се најчувствителни на потешките форми на вирусот.

Сепак, научните докази од Америка покажуваат дека луѓето со прекумерна тежина се повеќе изложени на ризик од сериозни компликации, па дури и повеќе од луѓето со висок крвен притисок, заболувања на белите дробови или астма.

Поради ова, лицата со прекумерна тежина треба да донесат свои одлуки дали да бидат претпазливи, особено при ублажување на мерките за социјална дистанца.

Според податоците од болниците ширум Америка, скоро 75 проценти од пациентите на интензивна нега биле со прекумерна телесна тежина, а податоците од американскиот Национален здравствен центар откриле дека дебелината го зголемува ризикот од умирање за дури 40 проценти.

Истражувачите од универзитетот во Њујорк неодамна истакнаа дека дебелината е примарен двигател на пациентите под 60-годишна возраст да завршат на болничко лекување.

Научниците предупредуваат дека, покрај постарата група на луѓе, тие треба да бидат екстремно внимателни по релаксирање на мерките, бидејќи се изложени на поголем ризик од компликации предизвикани од коронавирусот.