Откријте кој хороскопски знак има најмногу депресивци, во кој има најмногу прељубници и лажговци, а кој најмногу промискуитетни и коцкари.
Кога станува збор за астрологијата, секој сака да слуша пофалби на своја сметка, во што е добар и што хороскопот убаво му предвидува за во иднина. Меѓутоа, во секој од нас постои и онаа мрачна страна, која не би сакале да ја споделуваме со другите.
Но, недостатоците се нешто што порано или подоцна ќе се појават на површина. Затоа, ние ви ги претставуваме најлошите карактеристики на секој од знаците на Зодијакот.
ОВЕН
Овните се арогантни луѓе, кои секогаш мора да бидат главни за сè. Скромноста за нив е непознат збор. Тие се големи посесивци, кои на партнерот би ја одзеле целосната слобода, а себси би си дозволиле харем од љубовници. Тие главно „ќе се закачат за несвоиви тврдини“ и не ја признаваат загубата се додека сосем не се уништени ментално. Многу се нестабилни, скокаат на сè и сешто. Тие мразат да чекаат, затоа апсолутно сè мора да биде сега и веднаш. Дури и кога ќе видат дека сте во право, тие нема да ви го признаат тоа, бидејќи никогаш не ги признаваат своите грешки.
Не веруваат во хороскоп. Овенот не го користи мозокот и не поседува емоционална интелигенција. Немаат нежност, себични се и агресивни, не се препуштаат, ниту ги следат желбите на партнерот. Завршуваат со најлошата можна личност во животот, бидејќи нивниот избор за партнер е ужасен, а потоа сигурно ќе се запрашаат кога ќе се случи прељуба или бидат оставени. Сè на сè, им треба многу време за да ги откријат работите, ако тоа воопшто се случи.