ЗАНИМЛИВОСТИ

Оваа земја воведува нови правила против коронавирусот | Дали би сте се согласиле на ова за да се напиете пиво?

By kukuriku

May 06, 2020

Во Швајцарија од понеделник повторно ќе бидат отворени угостителските објекти, но гостите ќе мораат да ги оставаат своите лични податоци.

Во рамките на потребните мерки за заштита со цел спречување на ширењето на коронавирусот, швајцарските власти се одлучиле за наједноставниот начин.

Угостителите од своите гости ќе мораат да ги земаат личните податоци, име, адреса, број на мобилен телефон и ќе мораат да ги чуваат две недели.

Така, гостинот кој ќе отиде во кафуле или ресторан и ќе нарача пиво, кафе или нешто за јадење, претходно ќе мора да остави и лични податоци.

Тоа важи за резервација на маса, но и за обична посета на угостителските објекти.

Личните податоци кои ги собираат угостителите треба да им го олеснат откривањето на контактите на здравствените власти, во случај на зараза на еден од гостите. Прочитајте и… Димовски и Каракачанов во фејсбук војна за Гоце Делчев

Исто така, во Швајцарија на една маса можат да седат максимум четири лица. Сите гости мораат да седат, а меѓу масите мора да има растојание од најмалку два метри.