Астрономите подетално проучувале една од најжешките егзопланети некогаш откриена. Откриле дека температурата во некои делови е толку висока што може да го претвори металот во гас.
Егзопланетата, која тие ја нарекоа „Врел Јупитер“, беше „шпионирана“ од сателит на Европската вселенска агенција.
Од Земјата е оддалечено околу 326 светлосни години, а откриено е дека температурата на нејзината површина достигнува 3.200 степени Целзиусови.
Иако оваа егзопланета не е нималку жешка како Сонцето, кое „гори“ на 6.000 степени, таа е една од најекстремните откриени планети.
Астрофизичарите посочуваат дека таа е 1,6 пати поголема од Јупитер, и кружи околу својата матична sвезда на секои 2,7 дена.
Ѝ требаат помалку од три дена да кружи околу својата sвезда и е 20 пати поблиску до неа отколку што е Земјата до Сонцето, рече Моника Лендл, астрофизичарка на Универзитетот во Женева.