Во различни историски периоди и критериуми за она што е убаво варираат во голема мера. Така, во некои периоди, дебелината е знак за здравје и богатство, додека во други е потполно непожелна.
Иако отсекогаш имало дебели луѓе, точното мерење и забележување стана популарно во претходниот век, а и поимот за морбидна дебелина е релативно нов. Ова нѝ овозможи да направиме список на најтешките луѓе.
Kenneth Brumley
Роден во Тексас, Brumley беше посветен спортист како тинејџер, но кога се преселил во Калифорнија на 19-годишна возраст и престанал да спортува, неговите килограми почнале да се акумулираат.
Овој татко на четири деца (кој не ги родил, така што нема оправдување) на „врвот на својата кариера“ бил тежок 469 килограми и трошел околу 30.000 калории дневно.
По операцијата, до која дошол откако пожарникарите го срушиле ѕидот за да можат да го изнесат од дома, а со која му е намален обемот на стомакот, и по ригорозната диета што го ограничила внесот на калории на „само“ 1.200 дневно, Брамли денес тежи околу 240 килограми и повремено може дури и да застане на нозе.
Mayra Rosales
Друг кандидат за човечката верзија на Jabba The Hutt повторно доаѓа од Тексас. Мајра, која денес тежи околу 340 килограми, достигнала максимум 470 килограми. Покрај тоа што го привлекла вниманието на медиумите поради нејзината маса, таа извесно време била осомничена дека го убила својот внук.
Таа во полиција првично признала дека случајно паднала врз него и го убила, но откако форензичките докази покажале дека момчето било убиено од удар во главата, и дека Мајара не можела ниту правилно да ја крене раката, а камоли да ја искористи за удар , откриено е дека Мајра лажела за да ја заштити својата сестра, а мајката на момчето, која го удрила силно со четка за коса, поради што детето на крајот умрело.
Robert Earl Hughes
Некогаш најтешкиот човек на светот, го достигнал максимумот со 486 килограми. Неговиот случај на дебелина наводно се должи на нарушување на жлезди, но таа теорија никогаш не била официјално потврдена. Можеби, како и другите дебели, тој само малку премногу јадел
За време на неговиот живот се движел со патувачки циркус, каде што бил една од атракциите, а починал на 32-годишна возраст со обем на градите од 312 сантиметри.
Patrick Deuel
Човекот од Небраска тежел дури 511 килограми. Затоа во 2005. година станал предмет на документарен филм. Тогаш било утврдено дека тој не ја напуштил куќата 7 години и дека не станал од кревет 7 месеци. Морал да спие на градите за да не ги згмечи внатрешните органи.
Бидејќи неговиот живот бил во голема опасност, направено му е премостување за да се намали обемот на неговиот желудник, а напорот вложен во губење на тежината вродил со плод кога Деуел успеал да изгуби само 168 килограми.
За жал, набргу по рекордното ниско ниво, повторно почнал да се здебелува, а при последното мерење тежел 254 килограми. Бидејќи не сакал да се откаже од нездравата храна и цигарите, Деул само чекал да види дали на крајот ќе му пресуди запирањето на срцето или дијабетесот.
Michael Hebranko
Уште еден Американец, овојпат од Стејтн Ајленд, е најпознат по тоа што во својот живот добил и изгубил вкупно 1.816 килограми. Се започнало во доцните 80-ти години кога бил хоспитализиран со 413 килограми, дури откако по диетата успеал да стане рекордер по количината загубени килограми и да изгуби неверојатни 91!
Сѐ се случило за само 19 месеци, но Хебранко се вратил на старите обичаи и почнал да се прејадува за да го достигне својот нов рекорд од 454 килограми. Ни тоа не го спречило, па во 1999. година бил измерен со 499 килограми. Меѓутоа, неодамна, тој се стабилизирал на околу 250, но огромното зголемување и губење на тежината оставило страшни последици врз неговото здравје.
Rosalie Bradford
Поради тешка депресија, самопрогласената зависничка од храна почнала да се прејадува како мала, а на 15-годишна возраст се здебелила 140 килограми. Сѐ започнало кога починала нејзината маќеа, а тешката депресија ја врзала за кревет и храна.
Во 1987. година, таа достигнала 544 килограми, па дури и посегнала по својот живот користејќи апчиња, но нејзината тежина ја спасила, па таа паднала само во несвест. Неколку дена подоцна таа се обидела со испробаниот режим на исхрана на Ричард Симонс и станала светски рекордер во изгубени килограми за жени со дури 412 килограми.
Починала на Флорида во 2006. година на 63-годишна возраст со 136 килограми, а до крајот на животот се обидувала да ги инспирира дебелите луѓе кои се соочувале со депресија и била еден вид гуру за нив.
Walter Hudson
Волтер, роден во Бруклин го привлекол вниманието на медиумите во 1987. година кога се лизнал во тоалет и заглавил во вратата каде што поминал неколку часа сѐ додека осум луѓе конечно успеале да го извлечат и да го вратат во кревет. Тој тогаш имал 544 килограми, а починал во 1991. година на 46-годишна возраст од срцев удар. Во моментот на неговата смрт, тој тежел 510 килограми, иако нутриционистичкиот гуру кој се посветил на неговиот случај тврдел дека во еден момент успеал да ослабе дури 363 килограми. Неговите тврдења никогаш не биле докажани.
Carol Yager
Жената од Мичиген е најтешката жена во запишаната историја. Таа тврдела дека нејзината дебелина е резултат на злоупотреба и дека консумирала нормални порции храна. Во 1993. година тежела 539 килограми и била примена во болница каде ставена на диета од 1.200 калории дневно и, за чудо, изгубила 236 килограми.
Но, откако се вратила „на слобода“, им се предала на своите стари навики и „нормални порции“ и во еден момент достигнала неверојатни 726 килограми, според никогаш докажаните тврдења на нејзиниот сопруг. На крајот, нејзините бубрези затаиле и таа починала на 34-годишна возраст со 544 килограми.
Manuel Uribe
Мексиканецот е најтешкиот човек на светот кој се уште е жив. Иако сега има „само“ 440 килограми, во еден момент тој тежел дури 599 килограми. Почнал да се дебелее во своите дваесетти години, а во една прилика ги изел сите резерви што ги купила неговата сопруга за тезга со храна.
И покрај дебелината, тој дури двапати се женел, последен пат тоа го сторил на специјален челичен кревет украсен со злато. Тој ја свел својата животна приказна на поука дека љубовта е само прашање на вера и дека секој може да ја најде.
Jon Brower Minnoch
Официјално најтешкиот човек во историјата е Американецот чија неизлечива болест, поради која неговото тело задржувало премногу течности, имал такви последици по неговата тежина што се здебели 91 килограми за една недела.
Рекордната тежина на Миноч изнесувала 635 килограми, а поради престојот во болница успеал да ослабе 216 килограми. Но, веднаш по излегувањето од болница, неговото зголемување на телесната тежина продолжило, а лекарите процениле дека не можат никако да му помогнат, па тој починал на 41-годишна возраст со 363 килограми.