Ова се лековите кои моментално се користат за лечење на коронавирусот

1078

Ова се најперспективните лекови против вирусот Ковид-19, а новинарите на Гардијан побарале докази за дали тие делуваат на болните и како.

Лек против маларија: Клорокин

Клорокин е евтин, широко достапен лек кој рутински се користи од 1945 година против маларија и други состојби и можат безбедно да го користат и трудници и деца. Лабораториските студии откриле дека овој антивирусен лек е ефикасен против коронавирусот, барем во лабораторија, а резултатите на малата француска студија на 24 пациенти објавена оваа недела сугерираат дека би можело да го забрза закрепнувањето.

Докторите велат дека 25% од пациентите кои го примиле овој лек уште биле позитивни на вирусот по шест дена, во споредба со 90% од тие кои не го примиле. Клорокин спаѓа во еден од третманите тестирани во меѓународното клиничко испитување кое во средата го објави СЗО, а Велика Британија го додаде клорокин на својата листа на лекови под контрола на извоз.

Лекот за лечење на ХИВ: Калетра

Калетра е комбинација на два антивирусни лекови, лопинавир и ритонавир, кои обично се користат за лечење на ХИВ, а кои лабораториските студии ги навеле како потенцијално делотворни за лечење на Ковид-19. Меѓутоа, оваа надеж била бесцелна, бидејќи едно од првите големи истражувања на 200 тешко болни пациенти од Кина не пронашло никаква корист од овој лек. Сепак ова не е крај на патот: Можно е лекот да биде ефикасен ако се дава во порана фаза или на помалку болните пациенти. СЗО го вклучи Калетра во големото тестирање во повеќето држави кое започна оваа недела.

Лек против грип: Фавипиравир

Јапонскиот лек против грип кој го произведува фирмата „Фуџифилм“ е вистинско откритие откако речиси го преполови времето на исчезнување на вирусот кај луѓето кои биле позитивни на Ковид-19. Кинеското испитување на 340 луѓе покажало дека вирусот исчезнал за четири дена кај тие кои го примиле лекот, наспроти 11 дена колку биле потребни да исчезне кај оние кои не го користеле. Снимките на белите дробови ги потврдиле истражувањата, откривајќи дека се помалку оштетени кај оние кои го земале лекот. Но, овој антивирус исто така познат како Авиган, можеби би требало да се дава на заразените пред нивото на вирус во организмот да достигне максимум.

Лекот против ебола: Ремдесивир

Ремдесивир е развиен за лечење на ебола, но лекот стана лидер меѓу потенцијалните антивирусни лекови за борба против Ковид-19. Ова воодушевување е предизвикано со истражувањето кое покажува дека лекот делува против САРС и МЕРС, два други коронавируси кои се смртоносни, но помалку заразни. Лекот делува така што го онеспособува размножувањето на вирусот во клетките. Тоа значи дека најверојатно ќе биде ефикасен кога личноста е заразена и вирусот се уште се размножува во горните дишни патишта. Една од причините што треба да се запази е тоа што раните податоци сугерираат дека луѓето веќе би можеле да имаат високо ниво на вирусот кога ќе почнат да се покажуваат симптомите. Во тек се повеќе испитувања за да се оцени ремдесивир во Кина, САД и Азија, а првите резултати би требало да бидат достапни во април.

Ова се лековите кои моментално се користат за лечење на коронавирусот