ДОМАЌИНСТВО

ОВА РАСТЕНИЕ Е ОТРОВНО ! Ако го одгледувате, чувајте го подалеку од деца и домашни миленици

By kukuriku

February 21, 2023

Caladium е растение кое потекнува од Јужна Америка, убаво е за око, но има отровни лисја.

Caladium е специфичен по тоа што расте во различни сорти и големини. Има прекрасни разнобојни листови кои достигнуваат висина од околу 60 сантиметри.

Поради својата боја, тој е многу посакуван за внатрешно уредување. Ќе биде тешко да остане незабележан. Сепак, важно е да знаете дека листовите се отровни, затоа ова растение треба да се чува подалеку од деца и домашни миленици, а доколку сте биле во контакт со листовите или стеблото, задолжително измијте ги рацете.

Ако го одгледувате во затворен простор, обидете се да му обезбедите топло место со влажен воздух. Идеално би било да се обезбеди постојана амбиентална температура од околу 21 степен, а во текот на зимата, кога растението мирува, помеѓу 12 и 16 степени.

Погрижете се да не го полевате премногу и просторијата каде што го чувате да има доволно влага.

Доколку забележите мувла на листовите, тоа е знак дека каладиумот е презалеван или дека е на ладно место. Во текот на зимата лисјата паѓаат, па не може да опстане во надворешни услови.