Ова е напаѓачот од Крим, убил 17 луѓе | Еве што се знае за него | Фото/Видео

1331

“Јасно е дека ова е злостор. Мотивите ќе бидат детално истражени”, порача Путин.

Директорот на политехничкиот факултет во Керч, Олга Гребењикова изјави за медиумите дека насекаде има делови од телата на децата.

Рускиот истражен одбор соопшти дека прво во кантината на колеџот експлодирал уред наполнет со метални делови и затоа многу од повредените имаат повреди од шрапнели.

Претседателот Путин наредил повредените да се преместат на водечките здравствени установи во Москва и во другите градови на Русија, доколку е потребно.

Војската испратила на местото на злосторот околу 200 војници и десетина возила и хеликоптери за да им помогнат на службите за итни ситуации. Министерството за вонредни ситуации испратило неколку хеликоптери и транспортно летало Иљушин 76 со психолози и спасувачи.