Ова е напаѓачот од Крим, убил 17 луѓе | Еве што се знае за него | Фото/Видео

825

Осомничениот за нападот на факултетот во Крим е идентификуван како студент Владислав Росљаков, јавија руските медиуми.

Како што е наведено, тој извршил самоубиство по нападот во кој убил 17 лица.

Руските медиуми за осомничениот напаѓачот Владислав Росљаков пишуваат дека на факултет се запишал во 2015. година, а на 8 септември добил дозвола за оружје (калибар 12). Тие, исто така, наведуваат дека неколку дена пред нападот купил поголема количина на оружје.

Засега не е познат мотивот за нападот. Истражните органи работат на тоа, а телото на убиецот е пронајдено во библиотеката на вториот кат.

Да потсетиме, најмалку седумнаесет лица загинале, а повеќе од 70 се повредени на факултет на Крим во вооружениот напад на еден студент кој пукал по неговите колеги пред тој да си го одземе животот, потврдиле руските безбедносни сили, кои наведуваат дека мотивот се уште не е утврден.

Иако официјалните лица во првите изјави излегле со претпоставката дека станува збор за терористички напад, истражниот одбор, владиното тело кое ги истражува најсериозните кривични дела, објави дека овој напад во кримскиот пристанишен град Керч се води како масовно убиство, а не терористички акт.

Рускиот претседател Владимир Путин повикал на минута молчење во чест на жртвите, главно тинејџери.

Продолжува на страна 2