Отворена Архивата на затворот во Панкрац, Чешка, во кој Бојко Борисов лежел 8 месеци во 1990 година! Еве и зошто:

1786

Премиерот на Бугарија, г. Бојко Борисов, бил затворен во затворот Панкрац во Чешката Република во 1990 година.

Тој поминал 8 месеци под обвинение за учество во организирана криминална група за кражби на автомобили! Борисов бил коорганизатор со Иво Карамански и 6 други од неговата банда автоџамази. Борисов со целата банда бил екстрадиран со авион во Бугарија за да му се суди.

Во Бугарија, случајот бил опфатен по наредба на генералот Гоцев од Државната безбедност, кој го исполнил залогот на Луканов. Но, нема судење против Борисов и другите автоџамбази. Ниту еден од нив не е гонет.

Откако станал Генерален секретар на Министерството за внатрешни работи на Бугарија, првото патување на Бојко Борисов било во Чешка, каде што извршил притисок и успева да го избрише криминалното досие од архивата на чешкото Министерство за внатрешни работи.

Но, сега се појавија белешките од затворот Панкрац каде што лежел со останатите. Минатата недела, архивата на вториот по големина затвор во Чешка бил декласифициран и информациите, за илјадници бандити од источна Европа станале достапни, вклучувајќи го и миленикот на многу Бугари, протекоа како поток.

Skandalno.net потсетува дека информациите за автоџамбазите на Бојко Борисов и нивните авантури во Чешка не се нови. На многу директни и индиректни сведоци ова им е познато со години, но молчеле, веројатно под притисокот од службите.

Меѓу споменатите лица е и новинарката Светослава Тадаракова, блиска пријателка на сопругата на Иво Карамански, која пред авторот на оваа статија ја раскажала истата приказна. Разликата од тогаш е во тоа што денес веќе имаме црно на бело факти, докази и документи за криминалното минато на Борисов во Чешка.

Автор на текстот Пею Благов, преземено од Skandalno.net