Оценувањето на учениците ќе биде со физичко присуство

115

Учениците ќе имаат и физичко образование и ликовно, изјави министерката за образование Мила Царовска во вечерашното гостување во 24 отворено.

– Се изработуваат програми од страна на Бирото за развој, учениците кои ќе бидат со физичко присуство наставата по физичко образование ќе се одвива на отворено додека пак оние кои ќе имаат онлај наства ќе имаат прилагодени вежби. И ликовно и физичко ќе бидат прилагодени согласност условите, изјави Царовска.

Во однос на обезбедување на компјутери за децата кои ќе немаат техничка можност министерката нагласи дека има три опции и се уште се бара моделот за тоа како ќе може и овој проблем да се реши.

– Бараме одговор на ова прашање, овој проблем не може да го решете преку ноќ нема средства за да можеме да обезбедиме компјутери за сите деца, затоа ова е една поука дека треба да се инвестира во образованието. Она што го даваме како модел е ученикот кој не ќе има техничка можност да селди настава во својот дом може да биде присутен во училница заедно со својот наставник кој ќе ја држи онлјан наствата, втор модел е принтање на материјал кој ќе се даваат на неделна основа и снимени едукативни материјали кои ќе траат по 15 минути и ќе бидат презентирани на националната телевизија, изајви Царовска.

Во однос на оценувањет Царовска рече дека ќе биде со физичко присуството на учениците и ќе биде спроведено на средина како и на крајот на школската година.

Ако дозволува епидемиолошката состојба овој модел ќе се примени, со тоа ќе знаеме дали ученикот го совладал, материјалот, изајви Царовска.