Отпуштен уредник, објавил фотографија од Орбан и неговото семејство

273

Уредникот на неделникот „168 Ора“ доби отказ откако весникот објави фотографија од премиерот Виктор Орбан и неговото семејство, што дополнително ја доведе во прашање слободата на медиумите во Унгарија.

На фотографијата, која Орбан претходно ја објави на својата веб-страница, се гледа шефот на владата како позира дома со сопругата и петте деца на возраст од 16 до 31 година.

Фотографијата илустрираше статија за политиката на раѓање и беше објавена во списанието оваа недела. Изборот на уредник „ја надминува границата на добриот вкус“, мешајќи го приватниот живот и политичките теми, рече сопственикот на весникот, Пал Милкович, пренесоа медиумите.

Десетици новинари, вклучително и водечки уредници на унгарскиот независен портал за вести „Индекс.ху“, поднесоа оставка кон крајот на јули во знак на протест против разрешувањето на главниот уредник.

Слободата на медиумите во Унгарија значително се влоши по враќањето на Орбан на власт во 2010 година, а државата директно контролира стотици лојални изданија финансирајќи ги со големи средства од буџетот.