ЗДРАВЈЕ

Откриена е нова смртоносна болест | Се пренесува преку крлежи, нема лек!

By kukuriku

January 15, 2019

Сите знаеме дека треба да бидеме претпазливи со крлежите, бидејќи тие можат да бидат носители на инфекции, како што е лајмската болест, а сега имаме уште една причина да ги избегнуваме шумите и ливадите.

Научниците откриле нов вирус, кој го нарекле Бурбон (Bourbon Virus), а го пронајден е шест месеци откако болеста ја зеде својата првата и досега, единствена жртва.

Вирусот е именуван по областа Бурбон, Канзас, од каде што е човекот кој ова лето умрел од последиците на болеста предизвикани од овој вирус. Вирусот е откриен кога се обидувале да ја решат мистеријата на неговата смрт.

Се пренесува со каснување од крлежи и по тоа е сличен на другите вируси кои се пренесуваат на ист начин како што е, на пример “Heartland virus” (HRTV). Бурбонот има слични првични симптоми како и HRTV, а тоа се треска, замор и недостаток на апетит.

Вирусите можат да бидат препознаени по овие симптоми или по лабораториска анализа на крвта. Сличен е по структурата на некои вируси од Источна Европа, Африка и Азија, но сега за сега, несреќниот жител на Канзас е единствениот човек кој бил погоден со овој вирус. Не е познато дали секогаш е смртоносен.

Лекарите се загрижени дека би можеле да се појават нови случаи на болеста, а можно е дека кај пациентите во болницата каде што лежел има уште случаеви кај кои оваа болест сѐ уште не се манифестирала.

– Вирусот веројатно постоел веќе некое време, но дури неодамна успеавме да го изолираме и да го идентификуваме – вели д-р Dejna Hockinson.