АРХЕОЛОГИЈА

Откриен цртеж на животно стар 17.300 години во Австралија! Видео

By kukuriku

February 24, 2021

Австралиските научници го открија најстарото уметничко дело врежано во карпа – слика на кенгур стара 17.300 години.

Двометарското уметничко дело е обоено во црвена боја, објави ВВС.

Пронајден е во регионот Кимберли во западна Австралија, познат по своите абориџински слики на карпите.

Пронајдокот е објавен денес во списанието „Nature Human Behaviour“.

Научниците наведуваат дека се претпоставува дека ова е најстарото недопрено уметничко дело во Австралија.

На почетокот на оваа година, истражувачите ја пронајдоа најстарата пештерска слика во светот, свиња со природна големина стара 45.000 години, на островот Сулавеси во Индонезија.