РЕЦЕПТИ

Освежете се со колач од мандарина

By kukuriku

April 13, 2021

Уживајте во овој освежителен колач. Ако навистина сте обожавател на освежителни колачи воопшто не чекајте веднаш фајќате се за работа за овој прекрасен колач бидејќи и вие ќе се уверите дека навистина е прекрасен.

Потребно

Пандишпан

3 јајца 1 чаша млеко 1,5 чаша брашно 1 прашок за пециво 1 ванила

Фил

1 л млеко 6 лажици шеќер 2 кесички пудинг ванила 380 гр кисела павлака Желе 300 мл сок од лимон 3 лажици шеќер 2 лажици густин (нишесте)

Уште

500 гр мандарини

Подготовка

1. Јајцата делете ги во еден сад белтоци во друг сад жолтоци. Белтоците матете ги со миксер и постепено додавајте го шеќерот и матете се додека да се растопи. Жолтоците исто матете ги со миксер додека да добиете густа смеса. Смесата додајте ја во белтоците и изматете повторно да се соединат.

2. Во садот со смесата додајте ги млеко, маслото и ванилиниот шеќер и матете на најниска брзина. После 1 минутно матење додајте го прашокот за пециво и брашното и промешајте нежно со шпатула или лажица.

3. Смесата истурете ја во правоаголен сад и печете во претходно загреана рерна од 200С 18-20 минути. Откако пандишпанот ќе се испеќе оставете го да се олади.

4. Во тенџере на оган ставете 800 мл од млекото и додајте го шеќерот па промешајте да се растопи шеќерот. Со преостанатите 200 мл млеко промешајте го пудингот од ванила. Пред да почне да врие млекото додајте го пудингот промешан и млекото и со жица за матење мешајте додека пудингот да ја добие потребната цврстина.Откако пудингот ќе згусне тргнете го садот од оган и оставете го да се олади.

5. Во оладениот пудинг додајте ја киселата павлака и со миксер изматет да се соединат. Филот истурете го над пандишпанот и со лажица распоредете го подеднакво насекаде.

6. Мандарините излупете ги, исчистите ги од конците, делете ги на парчиња и секое парче исечете го на половина. Над филот ставете ги мандарините по желба јас ги имам редено во редови (слика 1).

7. Во тенџере ставете го сокот од лимон, шеќерот и густинот и промешајте да се соединат па тенџерето ставете го на среден оган. Мешајте постојано за смесата да не згрутчи. Откако смесата ќе згусне тргнете ја од оган и уште додека е врела распоредете ја насекаде на колачот.Оставете да се олади па исечете по желба.Добар апетит.

Забелешка

За сок од лимон јас искористив малку сируп од лимон и го откалив со 300 мл вода.

Колачот кога ќе го сечете знајте дека малку е течен но и така треба да биде немојте да мислите дека сте згрешиле некаде.

Освежителен колач со мандарина – Moirecepti