Осипот поминува низ неколку фази (макула, папула, везикула и круста). Секоја од овие фази траат кратко.
- Осипот е полиморфен, што значи дека во истиот момент на кожата можат да се видат осипни промени во различните фази на еволуцијата.
- Се појавува на различни делови од телото во исто време.
- Избива во налети. Растојанието помеѓу налетите е 10-30 часа. Секој следен налет е поблаг.
- Осипот е поединечен. Кожата помеѓу промените не е променета.
- Најгуста е на трупот.
- Пропратен е со чешање.
Варичела (овчји сипаници) се една од најчестите детски, со осип, заразни болести. Таа е предизвикана од вирусот херпес, а се карактеризира со типичен, везикуларен егзантем (осип) на кожата, во форма на водени меурчиња.
Најчесто се јавуваат на возраст од 1-7 година од животот, иако можат да се појават на подоцнежна возраст, како и кај возрасните.
Продолжува на страна 2
Епидемиологија
Varicella е лесно пренослива инфективна болест, и лесно се инфицираат луѓе кои сѐ уште не ја преживеале оваа инфекција. Таа најчесто се јавува во форма на големи епидемии, и тоа пред сѐ во колективи (градинки, јасли, училишта, интернати, итн.)
Резервоар на инфекцијата е заболениот, одн. заразено дете, а извор на инфекција е секрет од горниот респираторен тракт (флигеови капки).
Болеста се пренесува преку воздух или преку контакт – со допир на заболен кој го лечи вирусот, преку респираторните секрети. Влезното место на инфекцијата е горниот дел од респираторниот систем или конјуктивата.
Болниот е заразен од крајот на инкубациониот период (неколку дена пред почетокот на осипот), па сѐ до моментот на создавање на красти, кој обично трае 6-8 недели.
Варичелата остава траен имунитет, односно лицето кое еднаш ја прележало оваа заразна болест, не може повеќе од неа да се разболи. Сепак, вирусот останува трајно присутен во корените на нервните, и со имунолошкиот пад, од кој било вид, вирусот може да се реактивира повторно и да даде херпес зостер инфекција – типично за постара животна возраст.
Продолжува на страна 3
Стадиуми на болеста
I Фаза на инкубација – трае 14-15 дена (10-20 дена)
II Продромална фаза на болеста {Продром доаѓа од зборот грч. προδρομος, (во превод – “претходник-пред да започне”), и е симптом или група на симптоми кои се јавуваат непосредно пред почетокот на акутната фаза (период) на болеста.} – трае 1-2 дена и кај децата е помалку изразена, иако е присутна. Таа се карактеризира со појава на општи симптоми на болеста: треска, слабост, малаксалост, губење на апетит, болки во мускулите и зглобовите, летаргија на детето, расплаканост, поспаност, главоболка, и слично.
III Еруптивна фаза на болеста – ја карактеризира појава на типичен везикулозен осип во вид на меури исполнети со бистра течност, придружени со интензивно чешање. Осипот избувнува во налети, а карактеристичен распоред на осипот првo се јавува на торзото, на главата и лицето, и, на крајот, ги зафаќа рацете и нозете. Водните меури се наоѓаат на површината на кожата, а ги опкружува црвена зона. Креирање на зрел оспип трае околу 2-3 дена за секој меур.
Овој везикуларен осип се јавува насекаде по кожата и слузницата (енантем), и се забележува во усната празнина, на окото, гениталиите. Сепак, како што осипот ја зафаќа видливата слузница, така може да се јави и на слузницата на внатрешните органи.
Понекогаш е можно во текот на болеста да се појават само неколку осипи, а понекогаш се појавуваат мноштво. Нема правила. Содржината на везикулите е првично бистра, а потоа станува матна, по што се сушат и се развива корка (краста), која не остава лузна.
Како што осипот избувнува во налети, на кожата е можно истовремено да ги видите сите развојни фази од оспипот, од макулата, преку папулите, везикулите до крастата. Самото избивање на осипот трае само 7-8 дена.
IV Фаза на регресија – повлекување на симптомите – во оваа фаза доаѓа до постепено повлекување на сите симптоми. На кожата се гледаат многу суви везикули и красти. Со отпаѓањето на корката на кожата останува поле на слаба пигментација, а може да остане и по некоја лузна (ако имало чешање).
V. Фаза на реконвалентност – обновување – периодот кога детето треба да ја поврати својата сила и енергија. Пожелно е да трае неколку дена.
Севкупната болест обично трае околу 10-14 дена. Доенчињата (до една година), како и возрасните, можат да добијат тешка форма на болеста, што може да предизвика сериозни компликации.
Иисклучително е важно, ЗАДОЛЖИТЕЛНО да го однесете детето кај педијатарот, заради адекватна дијагноза и лекување !!!
Продолжува на страна 4
Компликации на болеста
Компликациите се должат главно на последиците од локацијата на осипот, особено ако осипот ги зафти внатрешните органи, а можат да се манифестираат на различни начини.
Како резултат на чешлање, може да се појави секундарна бактериска инфекција на кожата во форма на гнојни осипи.
Кога е на очите, може да се појави оштетување на видот.
Симптомите на кашлање и гушење може да се појават кај локализација на гркланот.
Секундарната бактериска инфекција може да даде воспаление на увото, пневмонија и воспаление на зглобови, додека сепсата се случува ретко.
При локализирање на дигестивните органи, може да има појава на дијареа, мачнина и повраќање.
Ако локализацијата е на нервниот систем може да развијат екстремно тешки компликации – менингоенцефалитис.
Не мора детето веднаш истиот ден да го однесете на лекар, додека осипот јасно не избувна, но многу е важно педијатарот да го прегледа детето и да ги воочи сите потенцијални компликации на време !!!
Продолжува на страна 5
Лекување
Лекувањето е симптоматско, а подразбира превенција на појава на секундарни, бактериски компликации.
Неопходно е:
Пред сѐ, детето да се изолира од колективот додека не исчезне и последниот меур, а и неколку дена подоцна – што е особено важно во детските колективи, каде што ширењето на инфекцијата е многу лесно и брзо.
Спроведете мерки на лична хигиена – детето да се тушира. Не долго да се капење во када, за да не се оштети оспипот, а потоа наместо да го избришете тапкајте ја водата од телото на детето. Редовно кастрете ги ноктите.
Хигиена на просторијата каде што престојува детето – чиста постелнина, проветрена просторија
Во случај на силно чешање, може да се применат краткотрајни хипермангански бањи или некоја пудра за ублажување на чешањето (пудрата не е омилено средство меѓу лекарите, бидејќи промените ќе се “запечат” и можат лесно да се оштетат, но ако е повеќе од потребно да се примени и тоа средство).
Ако детето има температура, намалувајте ја со познати процедури. Исто така, важна е лесна исхрана – како превенција на компликации од страна на органите за варење како и последичните дијареа и повраќање.
Не ја прегревајте просторијата каде што детето престојува!
Ако општата состојба на детето дозволува и тоа се чувствува “добро”, не мора нужно и строго да мирува.
ЗАДОЛЖИТЕЛНО! Контактирајте го вашиот педијатар со првиот знак на болеста !!!!