ДОМАЌИНСТВО

Ослободете се од комарците со трик кој делува ефикасно

By kukuriku

May 21, 2021

Покрај тоа што се користи за ѓубриво на растенијата, пилинг на кожата, засушениот талог од кафе или пак меленото кафе е одлично ефикасно средство и за комарците.

Бидете еколошки свесни и наместо да користите разни хемиски средства против комарците – користете го кафето!

Комарците, како и останатите инсекти, целосно ги одбива мирисот на кафе! Еве како тоа да го направите.

Напомена: Талогот од кафето е добро, но можете да користите и обично мелено кафе.

Упатство:

1. Талогот од кафето ставете го во алуминиумска фолија. Оставете го на ладно и суво место, додека целосно не се исуши. 2. Ставете ја фолијата, со исушениот талог од кафе на тацна, на рамна површина и отворете ја. Бидете сигурни дека вашите домашни миленичиња или деца немаат пристап до оваа област. 3. Запалете го талогот или кафето, за да зачади. 4. Талогот полека ќе гори, а чадот што се создава ги брка комарците.

Овој едноставен трик одлично функционира.

Освен против комарците, кафето може да се користи и против мравки. Ставете кафе на местата каде што се појавуваат и проблемот е решен.