Организаторот на маки | Неколку дена пред почетокот на Игрите забележан е првиот случај на инфекција во Олимпиското село

460

Околу 18.000 спортисти и официјални лица ќе бидат сместени во Олимпиското село.

Поради најголемиот број на заразени лица во Токио во последните шест месеци, претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Thomas Bach во четвртокот изјави дека постои „нула“ ризик учесниците на Игрите да заразат жители на Јапонија.

Бах рече дека олимписките спортисти и делегации поминале повеќе од 8.000 тестови за коронавирус, што резултирало во само три позитивни резултати.

„Ризикот за другите жители на Олимпиското село и ризикот за Јапонците е нула“, рече Bach.

Thomas Bach, претседателот на Меѓународниот олимписки комитет

Сепак, сабајлево пристигна вест за заразено лице во самото Олимписко село. Имено, заразено лице кое учествува во организација на Игрите, а тоа го потврди и извршниот директор на Олимписките игри во Токио, Toshiro Muto. Тој рече дека заразеното лице заминало во изолација надвор од селото и дека станува збор за странец.

Во Токио во четвртокот се регистрирани 1.308 нови инфекции со КОВИД-19, што е најголем дневен број на заразени од крајот на јануари. Критичарите поднесоа петиција против Игрите, кои собраа повеќе од 450.000 потписи овој месец, објавија јапонските медиуми.

Олимписките игри во Токио се одржуваат од 23 јули до 8 август.