Научниците всушност се загрижени за релативно мирниот период од последните 12 илјади години, кога немало значајни земјотреси и предупредуваат дека ова би можело да биде почеток на нешто големо.
Силниот земјотрес што го погоди рускиот полуостров Камчатка нè потсети на бројни земјотресни области во светот каде што би можел да се случи сличен земјотрес, но со многу посериозни последици. Една од областите е од другата страна на теснецот во северниот дел на Канада.
Тоа е Tintina расед што се протега повеќе од 1.000 километри низ северна Канада и завршува во Алјаска. Иако се сметаше дека е неактивен во последните 40 милиони години, нова студија, објавена во списанието Geophysical Research Letters, предупредува дека ова наскоро би можело да се промени.
Истражувачите од универзитетите во Викторија и Алберта во Канада релативно неодамна регистрираа два сета земјотреси што го поместија тлото по раседот Tintina. „Релативно неодамнешно“ во геолошка смисла, бидејќи станува збор за земјотреси што се случиле пред 2,6 милиони години и пред 132 илјади години.
12 илјади години тишина
Научниците всушност се загрижени за релативно мирниот период од последните 12 илјади години, кога немало значајни земјотреси. Тие предупредуваат дека тоа би можело да биде прелудиум за нешто големо.
Со следење на движењето на земјата, тие забележале дека раседот се движи, а притисокот под површината се зголемува со брзина од 0,2-0,8 милиметри годишно. Иако тоа не звучи многу, за научниците тоа е индикација дека голем земјотрес е неизбежен.
Геологот Терон Фили од Универзитетот во Викторија објасни дека во текот на изминатите неколку децении имало неколку мали земјотреси по должината на раседот Tintina, но ништо што би сугерирало дека може да се случи голем земјотрес. Сепак, зголемената достапност на нови податоци го поттикнле него и неговите колеги повторно да го разгледаат раседот и да го проучат.
Користејќи комбинација од најновите сателитски слики со висока резолуција и LIDAR технологијата (истата што се користи во автономните возила), тие спроведоа детална анализа на раседот Tintina. Анализата откри тесни површински пукнатини кои обично се скриени под шумската вегетација. Овие гранки на раседот укажуваат на земјотреси во минатото, но не и неодамна.
Научниците пресметале дека во минатото, раседот требало да се помести за околу шест метри. Проблемот е што тоа не се случило, а притисокот под површината се зголемува. Ова на крајот ќе доведе до ослободување на притисок и земјотрес што би можел да надмине магнитуда од 7,5 степени.
Претходно непозната опасност
Иако раседот се протега низ област која не е густо населена, научниците предупредуваат дека сепак може да предизвика голема штета на инфраструктурата и екосистемите.
Токму затоа истражувачите сакаат поблиску да го следат раседот Tintina за да се обидат да ги предвидат идните настани што е можно подобро, врз основа на податоци од минатото. Можеби дури и да предвидат кога тој силен земјотрес (и какви би биле неговите последици) на крајот би можел да се случи.
Разедот Tintina претставува важна, претходно непозната сеизмичка опасност за регионот, предупредуваат тие во својот труд.
Ова истражување беше препознаено и од Националниот модел на сеизмичка опасност (NSHM) на Канада, кој ја вклучува можноста за големи земјотреси во централната територија Јукон. Иако раседот Tintina досега не беше препознаен како посебен сеизмички извор, по ова истражување тој ќе биде вклучен во NSHM, кој служи како основа за сеизмички градежни прописи и други инженерски стандарди што го штитат човечкиот живот и критичната инфраструктура. Наодите ќе бидат споделени и со локалните власти и менаџерите за вонредни состојби за да се подобри подготвеноста за земјотреси.
Извор: Phys.org