Ако сме одлучиле да ги отстрануваме интимните делови со депилација, постои веројатност да го мразиме целиот процес.
Тој нè тера да се чувствуваме непријатно, освен тоа е скап и болен, но пак ефектен. А, професионалците, кои го извршуваат, имаат што да споделат. Еве неколку работи кои тие би сакале да ги знаеме.
Тие навистина го виделе сето тоа и претходно
“Не грижете се за начинот на кој ви изгледа вагината. Нашата работа е да ве натераме да изгледате и да се чувствувате подобро. ”
Не смееме да заборавиме дека имаме работа со професионалци, кои се таму за да ни помогнат, а не да ни судат.
Тие знаат кога лажеме дека сме се бричеле меѓу постапките
“Не се бричете меѓу постапките за депилација, без разлика колку тоа е примамливо. Најдобро е да доаѓаме на секои четири – пет недели. Еден лесен начин да го следиме тоа е ако одиме на третман по завршувањето на менструацијата. ”
Бричењето меѓу постапките може да спречи да ги добиеме најчистите резултати.
Не е добро да доаѓаме на процедура, откако сме консумирале алкохол или дроги
Дури и да звучи привлечно да се напиеме неколку чаши вино пред времето за депилација, навистина е срамно спрема експертот да се појавите во пијана состојба.
Покрај тоа, алкохолот ја разредува крвта што може да нè направи повеќе чувствителни, а постапката – поболна.
Во повеќето случаи нема проблем да се подложиме на депилација и за време на менструација
Прво треба да знаеме дека болката ќе биде посилна, бидејќи областа е почувствителна во овој период. И второ, дефинитивно треба да кажеме на козметичарот.