ЖИВОТ

Она НЕШТО што една мудра жена ја разликува од разумната жена

By kukuriku

November 12, 2018

Објавено January 21, 2017. Прочитано 17132.

Едно е да се има разум и да се работи врз основа на принципи, а друго е да се има искуство, исто така, разум, но и доверба во другите да им овозможиме со наша поддршка да одат во насока во која сакаат.

Авторот Olga Valyaeva укажува на некои од разликите …

Разумната жена ги зема дизгините во кризна ситуација и го учи сопругот како треба да се работи. Мудрата жена, на многу суптилен начин му ја покажува вистинската насока и го поддржува во намера да ја постигне својата цел.

Разумната жена се обидува да ги надмине другите на работа, и никогаш не прави грешки, имајќи предвид дека повеќето колеги се плашат од неа. Мудрата жена помага да се создаде атмосфера во која ќе владее љубов и почит меѓу колегите.

Разумната жена се спротивставува на влијанието на свекрвата, ја брани својата независност од своите родители, и често им се спротивставува на нивните совети. Мудрата жена ќе сослуша што другите имаат да кажат. А потоа ќе направи она што мисли и чувствува дека е исправно – но со добра волја во срцето.

Разумната жена мисли дека можеме да бидеме среќни само кога сме во право. Мудрата жена знае дека сме во право кога сме среќни.