АЛТЕРНАТИВНА МЕДИЦИНА

Олеснете им на очите подобро да гледаат

By kukuriku

March 05, 2020

Во денешно време луѓето сè повеќе седат пред екраните, кои имаат лошо влијаат врз очите.

Технолигијата секојдневно се развива и веќе секој човек има свој компјутер, мобилен телефон, таблет и секако телевизор и поголемиот дел од денот го поминува гледајќи во нивните екрани. Умор, чешање, главоболка, сигурно ви звучат познато?

За жал многу ретко кој може што повеќе да се одмори од овие електронски апарати. Затоа, многу е важно да посветите повеќе грижа за вашите очи кои секојдневно се изморуваат од светлината од екраните.

Овие едноставни вежби кои не траат подолго од 15 минути ќе ви помогнат да ги релаксирате и одморите вашите очи.

Гледајте во темнина – лактите ставете ги на масата, затворете ги очите и покријте ги со дланките. Релаксирајте се и гледајте во темнината. Останете во таа положба неколку минути.

Движење со очите од едната кон другата страна – застанете или седнете исправено. Погледнете право, а потоа без да ја движите главата погледнете кон лево. Концентрирајте се на тоа што го гледате. Потоа погледнете кон десно и повторно концентрирајте се. Движете ги очите од лева кон десна страна петпати, а целиот циклус повторете го трипати.

Движете ги очите нагоре-надолу – седнете исправено и гледајте право. Потоа погледнете нагоре и концентрирајте се на тоа што го гледате. Потоа, погледнете надолу. Не плашете се да се намрштите или да го збрчкате челото. Погледнете нагоре-надолу петпати, а целиот циклус повторете го трипати.

Движете ги очите дијагонално – гледајте право, а потоа погледнете надолу кон лево. Потоа движете ги очите дијагонално нагоре, па кон десно. Концентрирајте се на тоа што го гледате. Повторете ја вежбата петпати и потоа гледајте право, па продолжете го циклуот во другиот правец. Целиот циклус повторете го трипати.

Поглед кон близина и далечина – концентрирајте го погледот на пенкало или некој предмет во ваша близина. Предметот би требало да биде оддалечен од вас 20-30 сантиметри. Откако ќе погледнете во предметот, погледнете во некој друг предмет во далечина и концентрирајте се на деталите. Погледнете повторно во предметот кој ви е поблиску. Менувајте го фокусот петпати, а целиот циклус повторете го трипати.

Концентрација 1 – седнете исправено и гледајте право. Погледнете во точката меѓу вашите веѓи и концентрирајте се неколку секунди. Потоа погледнете повторно право. Менувајте го фокусот петпати, а целиот циклус повторете го трипати.

Концентрација 2 – седнете исправено и гледајте право. Погледнете во врвот на вашиот нос и концентрирајте се неколку секунди. Потоа погледнете повторно право. Менувајте го фокусот петпати, а целиот циклус повторете го трипати.

Масажа 1 – затврете ги очите, стиснете ги нежно и држете така три секунди. Релаксирајте ги мускулите околу очите. Повторно стиснете ги очите и повторувајте десет пати.

Масажа 2 – затворете ги очите, нежно и полека масирајте ги капаците со кружни движења. Притиснете нежно, внимавајте да не употребите премногу сила. Направете десет кружни движења, најпрвин во правец на стрелките на часовник, а потоа во спротивната правец.