Охрид СОС | Механизацијата на Нефи Усеини копа песок од Охридско Езеро | Видео

211

„На брегот на Охридското Езеро, механизацијата во сопственост на Нефи Усеини копа песок од литоралот (односно крајбрежјето) за потребите на бетонската база.

Локацијата каде се копа е во права линија со базата .

Нашиот сограѓанин кој го сподели видеото се обидел да се доближи до машините и возилата, за подобро да види што се случува, но добил вербални закани: „знаеш ли дека тука е забранет пристап“ и „тргни го телефонот, ќе ти го фрлиме во езеро!“-објави невладината организација Охрид СОС.