Од загадување на воздухот или од вируси | Од што не штитат хируршките маски?

107

Една од најчестите сцени во секоја приказна за вируси и загадување на воздухот се хируршките маски на лицата на луѓето.

Сепак, прашањето е колку се ефикасни овие маски.

Експертите се скептични кога станува збор за маските и заштита од вируси што се пренесуваат во воздухот, но истакнуваат дека тие можат да помогнат при инфекција преку валкани раце.

Хируршките маски за прв пат се користат во болниците во 18 век, но тие не беа во јавна употреба се до епидемијата на шпанскиот грип во 1919 година, кога починаа повеќе од 50 милиони луѓе.

Д-р Дејвид Карингтон од Лондонскиот универзитет за Би-Би-Си изјави дека „обичните хируршки маски не се ефикасна заштита од вируси или бактерии кои се пренесуваат преку воздух“ – што е најчестиот начин на инфекција.

Според него, тоа е затоа што маските воглавно не се доволно силни, немаат филтри за воздух и очите се изложени.

Сè што треба да знаете за вирусот корона

Сепак, маските можат да помогнат во заштита од инфекција преку кивање или кашлање, како и пренесување на бактерии од нечисти раце, додава тој.

Студија од 2016 година, спроведена во Нов Јужен Велс во Австралија, наведува дека луѓето го допираат лицето во просек 23 пати на час.

Џонатан Бел, професор на Универзитетот во Нотингем, вели дека маските „во добро контролирана и болничка средина“ се добра заштита од инфекција, бидејќи тие служат како респиратор.

Респираторите, кои се специјален филтер за воздух, се специјално дизајнирани за заштита од штетни честички во воздухот.

„Сепак, податоците не се добри кога ќе ги погледате истражувањата за нивната ефикасност кај општата популација – не е толку лесно да се носи маска подолг временски период“, додава Бел.

Д-р Конор Бемфорд, од Институтот за експериментална медицина Велком-Волфсон на Универзитетот „Квинс“ во Белфаст, вели дека „примената на едноставни хигиенски мерки“ е поефикасна од маските.

„Ако ги миете рацете, ја покривате устата кога кивате и не ги ставате рацете во уста пред да ги измиете, тоа може да го намали ризикот од добивање на било каков вирус“, истакнува тој.

Британската национална здравствена служба исто така има совети за тоа како да се избегнат вирусите:

  • Редовно мијте ги рацете со топла вода и сапун
  • Избегнувајте да ги допирате очите и носот секогаш кога е можно
  • водете здрав живот

Д-р Џејк Данинг од Агенцијата за јавно здравје на Англија, при британското Министерство за здравство, вели дека „има многу малку докази за придобивките од маските надвор од болничките услови“.

Како што вели, за маските да бидат ефикасни, тие мора да се носат на адекватен начин, да се менуваат често и да се отстрануваат на безбеден и соодветен начин.

„И истражувањата покажуваат дека соодветниот начин на однесување со маска се намалува со подолгиот периодот на носење маска“, додава тој.

Луѓето, ако се загрижени, само треба да се концентрираат повеќе на личната хигиена, вели Данинг.