Од вечерва пороен дожд и грмежи, утре посвежо и засилен ветер

169

Поладнево и вечерва, како и во текот на ноќта се очекуваат поројни врнежи од дожд, придружувани со засилен ветер и локално во форма на невреме, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Кај поголемите водотеци, како што информираат, не се очекуваат појави на излевање на водата од речните корита, ниту, пак, поголемо зголемување на нвниот водостој.

– За разлика од нив, кај помалите реки и суводолиците доколку во нивните сливови процесите бидат поинтензивни и со поголеми количини на дожд, можно е брзо зголемување на водостојот, а на места при силни интензивни врнежи можни се и мали локални излевања. Доколку во градските урбани средини нестабилноста биде изразена во форма на невреме, со дожд, ветер и град, поради неможноста за впивање на водата и можното запушување на канализациската мрежа со гранки и лисја, можна е појава на акумулурање и слевање на водата по градските улици и подвозниците. При појава на силен ветер можна е појава на бранови на природните езера во земјава, соопшти УХМР.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.