Од утре пеколни горештини | Еве што треба да направите

157

Дирекцијата за заштита и спасување согласно најавите на УХМР за топлотниот бран со температури до 40 степени, апелира до граѓаните да ги почитуваат основните препораки за однесувањето во вакви услови.

Тоа значи да не се фрлаат цигари и догорчиња, стаклен отпад и стаклени шишиња, граѓаните да не палат оган на отворен простор и во шума, отпад и друг горлив материјал и стрништа и меѓи. Редовно да се коси тревата што е во нивна сопственост, а доколку забележат пожар веднаш да ја известат Територијалната противпожарна единица на бесплатниот телефонски број 193.

Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека покрај основните препораки за однесување во вакви услови, согласно Законот за заштита и спасување презема и мерки и активности за превентивно делување за заштита од можни шумски пожари и други пожари на отворен простор.