Од силен ветер се откорна дрво и падна врз спортска сала на училиште | Повредени нема.

327

Денеска бевме сведоци на еден навудум настан „не е ништо страшно“ до “потенцијална закана по живот“.

Се откорна дрво од силниот ветер и падна врз спортската сала на ОУ Коле Неделковски. Среќата е во тоа што во тој момент не се најде ниту еден минувач, ниту пак деца од школото.

Од јакиот удар на дрвото оштетен е кровот на соблекувалната и причинета е материјална штета.

Инаку во таа Боемска улица 2, од Градежен па до кружниот тек, и од едната и од другата страна на улицата се дрвја стари уште од времето на СР Македонија и веќе се во скапана состојба, а со тоа и закана за минувачите.

Ги информиравме од Општина Центар, иако ова не е во нивна надлежност, пратија своја екипа и дрвото е отстрането, но ЈП Паркови и зеленило треба посериозно да се зафатат за замена на старите со нови дрвја.