Од полноќ поскапуваат горивата

186

Регулаторната комисија за енергетика ги соопшти новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.Согласно одлуката, горивата поскапуваат за 0,50 денари.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денар/литар,

Новите цени 

  • ЕУРОСУПЕР БС-95 – 61,00 ден/лит
  • ЕУРОСУПЕР БС-98 – 63,00 ден/лит
  • ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) – 52,50 ден/лит
  • Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 52,00 ден/лит

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,428 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 22.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 25,824 ден/кг.