Од нас зависи дали соседите ќе ги гледаме како пријатели или како душмани

85

„Од една страна, практично до вчера, ние 27 години гаевме отворено непријателство со Грците, се џилитевме едни со други, се силевме и си пркосевме со безвезни меѓукомшиски прашања, па ни задаваа блокади и вето; од друга страна, денес во Атина се разговара за соработка и проекти кои ќе опфаќаат природен гас за нашата земја која ќе стане точка за дистрибуирање до сите земји во регионот“, пишува на Фејсбук аналитичарот Ненад Јовановиќ.

„Гледате? Од нас зависи дали соседите ќе ги гледаме како пријатели и сојузници или ќе ги гледаме како непријатели и душмани. Ако се гледаме низ нишан, лошо ќе се случи за двете страни; ако се гледаме како пријатели и сојузници, само добро може да се случи.

Тоа се најелементарните лекции во политиката (и животите) на соседските народи“, смета тој.