Од денеска БЕСПЛАТНА вакцинација за ГРАЃАНИТЕ на БиХ

553

Како што најави вчера претседателот Александар Вучиќ, од денеска граѓаните на Босна и Херцеговина можат бесплатно да се вакцинираат во Србија, додавајќи дека ќе можат да добијат потврда за вакцинација истовремено со граѓаните на Србија.

Претседателот на Србија по средбата со делегацијата на Република Српска изјави дека граѓаните на Република Српска и цела БиХ, како и граѓаните на Србија ќе можат да се вакцинираат каде сакаат во Белград, Ниш, Крагуевац, Лозница и било кој друг град или погранично место.

„Тие можат да се вакцинираат целосно бесплатно и да добијат сертификат за тоа, исто како и граѓаните на Србија“, рече Вучиќ, потенцирајќи дека имаат доволно вакцини и дека успеале да вакцинираат околу 630.000 нови во последните дваесет дена.