FOTO GALERIA

Очи во очи со дивиот свет | Ogi photography

By kukuriku

April 11, 2019

Еден ден додека престојував во Аархус Данска дознав дека има зоолошка која и не е така далеку од местото каде што престојував. Си реков мора да ја посетам!

Па нели мојата професија е таква. Авантуристичка. Дали би била нормална една фотографија без авантура? Не.

И така тргнав едно зимско тмурно утро. По патување од саат и половина пристигнав во Аалборг. Нели, како и во секој нов град, сѐ ти е ново и непознато и потебно е време за да се снајдеш. Малку по малку стасав и до зоолошката.

Голема и преубава спремна за истражување, и да го доближи дивиот и непознатиот свет нам непознатите луѓе. Внатре секој можен детал ремек дело сам за себе.

Ogi Photography

Се изназборев, а заборавив да ви се преставам. Јас сум дечко од 29 години кој е роден, работи и живее во Скопје. Уметничка душа која се храни и добива инспирација од музиката и рандом насмеаните луѓето кои ги сретнувам секојдневно. Отсекогаш ме привлекувала фотографијата. Но, за да си ги остварам идеите решив да си купам фото апарат. Мој. Сопстен апарат.

Времето поминуваше и сета онаа желба, инспирација и мотивација се стискаше длабоко во мене, сѐ до оној момент додека не ја почувствував магијата на фотоапаратот, волшепството на фотографијата, која го најави пресвртот во мојот живот. На површина излезе она што со години се криело во мене.

Конечно почнав да се разбирам себеси и да дознавам која била таа празнина во мене. Па ете ме, после 5 години можам да се пофалам. Зад мене се 3 групни изложби, една самостојна, а втората е во подготовка. Неколку спотови кои не останаа не наградени или барем пофалени.

Тоа сум јас Ogi Photography, а ова е мојата фото прошетка по зоолошката градина во Аалборг, Данска. Се надевам дека ќе ви се допадне.

Продолжува на страна 2  

Алборг зоолошката градина е лоцирана во близина на центарот на градот. Секоја година, зоолошката градина ја посетуваат околу 375.000 гости.

Зоолошката градина опфаќа 8 хектари (20 акри) и држи повеќе од 1.500 животни кои припаѓаат на 126 видови.

На влезот, може да се види скулптурата Det gode kup (“добра зделка”) од 1925 година, направена од уметникот C.J. Bonnesen. Скулптурата е донација од една урбана пиварница.

Det gode kup, C.J. Bonnesen, Ogi Photography

Зоолошката градина е отворена во април 1935 година. Во текот на изминатите децении, зоолошката градина во Алборг става поголем акцент на одржливоста и заштитата на природата, а денес таа игра главна улога во разни глобални проекти за зачувување, одгледување, едукација, истражување и фокусирање на фер трговија.

Зоолошката градина во Алборг учествува во многу меѓународни програми за размножување со цел да ги сочува загрозените животни. Таа доби сертификат за животна средина, а целта им е да ја зачуваат природата.

Зоолошката градина во Алборг го направи својот белег на многу начини со проекти за заштита на природата и животната средина. На пример, зоолошката градина ги поддржува напорите на Индијанците на Пламино за зачувување на загрозените дождовни шуми во Еквадор од 60.000 хектари (150.000 акри).