Обид за атентат врз Трамп!

170

Пакетот рицин беше пресретнат од органите на прогонот пред да стигне до претседателот.

Пакетот со отровен рицин испратен до американскиот претседател Доналд Трамп бил пресретнат од агенциите за спроведување на законот, според медиумите.

ФБИ и американската тајна служба, овластени да го штитат претседателот, започнаа истрага за инцидентот. Два теста потврдија дека во пакетот има рицин, се додава во извештајот.

Пакетот со рицин бил пресретнат од органите на прогонот пред да стигне до Трамп, објави Си-Ен-Ен. Исто така, се наведува дека пакетот е испратен претходно оваа недела. Тој бил пресретнат пред да стигне до поштата во Белата куќа.

Пакетот го испитуваат ФБИ и тајната служба, а деталите сè уште не се објавени. Не е познато кој го испратил, но еден официјален претставник за Њујорк Тајмс изјави дека пакетот потекнува од Канада.