Концертот на отворањето на фестивалот го одржа уметничкиот директор Роландо Вилакон со оркестарот Салцбург Моцартеум под диригентската палка на Кери-Лин Вилсон.
Но, годинешното оддавање почит на Моцарт е обележано со еден посебен настан: светска премиера на претходно непознат дел од самото музичко чудо.
Новооткриеното соло за пијано, наречено „Allegro in D – K.626b / 16“, го свиреше светски познатиот пијанист Сеонг-Џин Чо во Големата сала на фондацијата Салцбург Моцартеум. Рециталот од 94 секунди се одржа на 27 јануари, иконскиот датум по повод 265-годишнината од раѓањето на композиторот.
Изгубен ракопис
Моцарт го напишал ракописот на крајот на 18 век, најверојатно во 1773 година, додека или ја завршувал посетата на Италија или веќе се враќал во родниот Салцбург во Австрија.
Во тоа време тој имал 17 години. Директорот за истражување во Фондацијата Моцартеум, Улрих Леизингер, за Еуроњуз изјави дека „ракописот за Моцарт изгледа прилично необично“, но „тој ги има карактеристиките на Моцарт“ и „композицијата очигледно е напишана многу брзо“ Тоа е навистина уникатно парче.