Кинеските истражувачи идентификувале нов цревен хормон наречен famsin, кој придонесува за метаболички адаптации за време на постот.
Цревата се одговорни за апсорпцијата на хранливите материи и управуваат со метаболизмот во различни органи за време на хранењето, а хормоните што се лачат од цревата делумно го контролираат процесот.
Сепак, не е јасно дали цревата играат улога во метаболизмот за време на постот, објави Xinhua.
Во студија објавена во “Cell Research”, истражувачите од Универзитетот Cinghua и Универзитетот Zhejiang го нарекоа новооткриениот хормон famsin, преведен како хормон за преживување глад.