Ново откритие на кинеските научници | Дистанцата од 2 метри не е доволна, како и каде се задржува вирусот

657

Високо ниво е пронајдено често и на допираните површини како комјутерски глувчиња, канти за ѓубре и кваки.

Новото истражување кое испитуваше примероци од воздухот во болничките одделенија со пациентите позитивни на Ковид -19, откри како вирусот може да помине и до 4 метри – двојно повеќе од оддалеченоста кон која, според моменталните насоки, треба да се придржуваме, пишува Радио Франс Интернасионал.

Овие прелиминарни резултати на тимот кинески истражувачи се објавени во списанието „Emerging Infective Diseases“.

Истражувачите од Академијата за воено-медицински науки во Пекинг тестирале примероци од одделението на болницата Хуоспенгсан во Вухан.

Откриле дека вирусот најмногу бил на подовите на одделението, а тоа ѝ го припишуваат на гравитацијата и струењето на воздухот поради што повеќето капки од вирусот паѓаат на тлото.

Високо ниво е пронајдено често и на допираните површини како комјутерски глувчиња, канти за ѓубре и кваки.

Исто така, половина од примероците од ѓоновите на чевлите на медицинскиот персонал на себе носеле вирус па затоа може да се заклучи дека ѓоновите на обувките на медицинскиот персонал може да функционираат како носачи.

Охрабрувачки е фактот дека ниту еден член на болничкиот персонал не е заразен што укажува дека мерките за претпазливост можат делотворно да ја спречат инфекцијата.