Нови цени на горивата од полноќ

200

Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да го објави новиот ценовник за нафтените деривати што ќе важи од полноќ сѐ до следниот понеделник.

Согласно новиот ценовник, малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), минатата недела се зголемија за 3,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 04.05.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 54,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 56,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 45,50 ден/лит.

Останува да видиме дали денеска ќе има ново поскапување.