ЖИВОТ

Нови откритија ! Два омикронски симптоми кои претходно не се забележани кај короната

By kukuriku

January 04, 2022

Омикронската варијанта продолжува да се шири, но со симптоми кои можеби не сте ги очекувале.

Студијата Zoe Covid со седиште во Велика Британија ги анализираше искуствата на луѓето со Ковид преку апликација на која британската јавност ги пренесува своите симптоми.

Во галеријата погледнете кои се двата симптоми на омикрон кои претходно не се појавиле кај короната.

Лекарите препорачуваат дека ако ги почувствувате овие симптоми на омикрон, треба веднаш да побарате лекарска помош.

Според експертите, новата варијанта покажува симптоми на повраќање и губење на апетит – симптоми кои не се појавиле во варијантата делта.

Tim Spector, професор по генетска епидемиологија на King’s College во Лондон, неодамна изјави за Daily Express во Велика Британија дека многу пациенти пријавиле гадење.

Симптомите, кои беа помалку изразени во претходните видови, вклучуваат замор, болки во мускулите и гребење во грлото. Губењето на вкусот и мирисот е поретко кај овој понов вид. Според претходните истражувања, се чини дека омикрон предизвикува поблага болест од варијантата делта – особено за вакцинирани луѓе.

Истражувањата покажуваат дека ризикот од хоспитализација од омикрон е преполовен. Сепак, оваа нова варијанта се шири полесно од другите варијанти на Ковид. Омикрон, според симптомите, е многу сличен на обичната настинка, наведува Reuters.

Сепак, некои експерти предупредуваат дека новите симптоми, повраќање и губење на апетит, можеби не се научно засновани.

Првите симптоми на омикрон, кои не треба да се занемарат, вклучуваат главоболки, болки во долниот дел на грбот и ноќно потење. Помалку познат симптом на омикрон е осип на кожата.