ECOLOGY

Нова надеж за загрозените коали | Видео

By kukuriku

February 27, 2020

Австралиските коали, загрозени од болести, шумски пожари и напади од кучиња, конечно можат да се надеваат посветла иднина благодарение на научниците и успехот во разоткривање на нивниот генетски код.

На торбарите им се закануваат болести, од шумски пожари, удари од автомобили или напади од кучиња, но откривањето на 26.558 гени на коалата доведе до развивање на вакцини.

Потенцијалот за искористување на овие третмани во иднината е бескраен и особено важен за видови кои страдаат од болести како кламидија, која е сериозно изнемоштувачка и може сериозно да влијае врз развојот на видот, вели Ребека Џонсон, ко-автор на студијата.

Меѓународниот сојуз за конзервација на природата го квалификува заштитниот статус на коалите како ранливи. Во дивината се останати помалку од 43.000 од вкупно 330.000 колку што биле.