ИСТРАЖУВАЊА

Нов тест ja засилува шансата за опстанок за рак на дојка

By kukuriku

April 26, 2020

Нов тест ги предвидува шансите за преживување на жените со рак на дојка.

Тестот анализираше слики на “жешки точки” во кои имунолошкиот систем го напаѓа туморот, објави “Дејли Меил”.

Тестот овозможува развојот на болеста де се држи под контрола. Жените со низок ризик живеат со 50% подолго пред да дојде до развојот на ракот.

Засега тестот за тестирање на овој вид рак кој влијае на една од три жени е особено тежок за лекување. Но, научниците планираат да ги вклучат во тестовите и жените со најчеста форма на болеста. Тестот користи компјутерски слики на тумори и статистичка анализа, за да го измери бројот на “жешките точки”. Научниците откриле слики на “жешки точки”, каде имуните клетки со групирале околу клетките на ракот. Ова обезбедува подобра мерење на имуниот одговор од бројот на имунолошките клетки во самиот тумор.

Научниците од Институтот за истражување на ракот во Лондон анализирале туморски примероци од 245 жени. Тие ги разделиле жените во две групи, базирани на бројот на имунолошките “жешки точки”. Жените чии тумори имале голем број “жешки точки”, живееле во просек 91 месец повеќе пред ракот да се прошири, во споредба со жените со мал број “жешки точки”.

Тестот е првиот објективен метод за мерење на имуниот одговор. Кај него се користи брз систем на автоматизирана анализа, тој ќе ги дополни постоечките методи, при кои патолозите ги истражуваат туморските примероци под микроскоп, за да ја одредат силата на имуниот одговор.