СОНОВНИК

НОВ СОНОВНИК | Еве што значат вашите соништа за вашата врска

By kukuriku

January 12, 2021

Студија спроведена од експерти од Центарот за истражување на невронауките во Лион откри дека луѓето, од почетокот на пандемијата, повеќе ги паметат своите соништа (за 35 проценти), но исто така имаат и 15 проценти повеќе негативни соништа.

Бидејќи социјалните рутини се нарушени, многу од овие соништа се поврзани со меѓучовечки односи.

Додека некои сонуваат за одличен секс и ситуација во спалната соба со партнер, на други им се прикажани сцени во кои се караат и се судираат неверојатно многу, а “MindBodyGreen” открива што велат тие соништа за врската во која сте.

Имате жешки сексуални соништа

Прво запрашајте се дали е добар сегашниот секс со партнер? Дали можеби сте ја намалиле интимноста поради стресот предизвикан од пандемија? Важно е да се направи разлика помеѓу овие две искуства затоа што соништата можат да ги рефлектираат нашите желби – особено ако не сте имале секс подолго време, а сакате. Ако вие и вашиот партнер имате намален допир и блискост поради стрес, поставете датуми за секс на вашиот календар и договорете се да работите повеќе на интимноста. Можеби едноставно ви недостасуваат нежните допири, милувањата и тивките шепоти со вашиот партнер.

Сонувате за конфликт и напнатост

За да ги разберете соништа во кои вие и вашиот партнер се расправате или доживувате напнатост, обрнете внимание на фрустрациите, стравовите и чувствата изразени во сонот. Можно е соништата да ја одразуваат реална ситуација што ја потиснувате и игнорирате. Ако е така, одвојте малку време да ги запишете вашите чувства, земајќи ги предвид чувствата што можат да произлезат од лични потреби, како и оние што вашиот партнер не ги задоволува. Раното решавање на овие прашања може да спречи понатамошен конфликт.

Сонувате дека не можете да контактирате со друго лице по телефон

Честопати ваквите сцени од соништата укажуваат на недостаток на врска со вашиот партнер. Понекогаш во овие соништа луѓето ќе бираат број, но нема да можат да го свртите добро, а понекогаш и вие ќе можете да добиете врска, но вашиот партнер нема да може да ве чуе. Овој сон може да биде знак дека се чувствувате потценети или запоставени во вашата врска.