АРХЕОЛОГИЈА

Нов обид на научниците | Направена е реконструкција на лицето на Марија Магдалена | Видео

By kukuriku

March 22, 2019

Врз основа на остатоците од древен череп, за кој се верува дека ѝ припаѓал на Марија Магдалена, научниците направиле реконструкција на нејзиното лице. Погледнете …

Во средновековниот град во јужниот дел на Франција, криптата која се наоѓа под базиликата ги чува човечки остатоци, череп и коски за кој се шпекулира дека ѝ припаѓале на Марија Магдалена.

Затоа, биолошкиот антрополог Филип Шариер од Универзитетот во Версај и уметникот Филип Фрош одлучиле да ги искористат остатоците за да го реконструираат можниот изглед на оваа жена.

Реконструкцијата на лицето е заснована на компјутерски модел на черепот и претставува жена со шилест нос, изразени образи и тркалезно лице.

Откако черепот последен пат беше проучуван во 1974 година, делот во кој се наоѓал бил заклучен. Научниците ја надминаа оваа тешкотија со тоа што направиле повеќе од 500 фотографии со различни агли на черепот.

Благодарение на овие фотографии, тие можеле да создадат компјутерски 3D модел на лицето со детални карактеристики како што се големината на черепот, јаготките и коскената структура.

Шариер и Фрош истакнале дека реконструкцијата на лицето и истражувањето биле спроведени независно од црквата.

Погледнете го видеото: