Нов хормон ќе ги замени вежбите

210

Ако мислата за салата ве тера да заплачете, не грижете се, бидејќи наскоро ќе имате изговор да го избегнувате спортот целосно.

Американските научници открија нов хормон кој наликува во ефектот на физичкиот тренингот. Тој ќе им овозможи на луѓето да симнат килограми и да го регулираат крвниот шеќер.

Хормонот наречен MOTS-C, докажано работи кај глувци, а клиничките испитувања врз луѓе може да започнат за три години. Откритието на молекулата на хормонот е на научници од Универзитетот во Јужна Калифорнија.

MOTS-C дејствува со тоа што ја зголемува чувствителноста на инсулин, што му овозможува на организмот поголема ефикасност во процесот на обработка на гликозата.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.