Кристалната ноќ, во оригинал позната како Kristallnacht, Reichskristallnacht или Pogromnacht, е името дадено за погромот (погром = oрганизиран прогон на една етничка група, особено масакр) на Евреите во нацистичка Германија и Австрија кој се случил ноќта меѓу 9. и 10. ноември 1938. година и го означи почетокот на Холокаустот.
Името го добила по парчињата скршени стакла што ги преплавиле улиците откако биле скршени излозите на еврејските продавници, згради и синагоги.
По наредба на Хитлер на 28. октомври 1938. година, повеќе од 12.000 Евреи од полско потекло, меѓу кои и Abraham Joshua Heschel, рабин, филозоф и теолог, како и идниот литературен критичар Marcel Reich-Ranicki, биле протерани од Германија.
Евреите биле депортирани во возови до полската граница, каде полските граничари одбиле да ги примат. Тие морале да чекаат со денови во тешки услови пред полските власти да им дозволат да влезат.
Во знак на одмазда, 17-годишниот Herschel Grünspan, чии родители исто така биле депортирани, на 7. ноември 1938. година, извршил атентат врз конзулот на германската амбасада во Париз. Нацистичката партија го прогласила настанот како дел од светскиот еврејски заговор и го земала како повод за организирање погром.
Таа ноќ биле уништени и ограбени околу 7.000 продавници, осквернавени се бројни еврејски гробишта, а повеќе од 1.500 синагоги биле ограбени и делумно уништени.
Покрај понатамошното протерување, нацистичка Германија на Евреите им наметнала колективна казна од една милијарда марки како одмазда. Истата била наплатена присилно со присвојување на околу 20 отсто од целиот еврејски имот во Германија.