Повеќето луѓе кои ги примиле двете дози на вакцина не мора да носат маски во некои ситуации.
Кога здравствените власти неодамна објавија дека целосно вакцинираните лица повеќе не мора да носат маски во повеќето ситуации, 46-годишниот Џез Џонсон решил својата да ја носи, без оглед на се, пишува NBC News.
Џез Џонсон од Канзас Сити, Мисури, ги прими двете дози на вакцината против Ковид-19, но сепак сака да ја носи маската за лице. Во текот на изминатата година, таа ги избегна настинките и грипот од кои вообичаено страда. Така е и нејзината 95-годишна баба која живее со неа.
Покрај тоа што им помагаат на неа и на нејзиното семејство да останат здрави, маските на Џез се добредојдени за да ги прикријат нејзините емоции, како што е презирот кога некој ќе и застане премногу близу на билетарницата или од досада кога нејзиниот братучед ќе ја раскажува истата приказна по десетти пат.
„Јас сум една од оние луѓе кои не можат да лажат“, рече Џонсон, специјалист за информатичка технологија. „Сега е прилично забавно што никој навистина не знае што размислувам“.
Маска како „штит“
Повеќето луѓе кои ги примиле двете дози на вакцина, размислуваат како неа. Тие носат маски иако повеќе не мора. Причините за ова се различни. Некои од нив велат дека кога имаат маска на лицето не мора да се преправаат дека се смеат или да се шминкани.
На еден ветераните од морнарицата, Касиди, му е дијагностициран посттрауматски стрес и агорафобија и рече дека маската служи како „штит“ што спречува непријатни интеракции.
“Јас можам да ја доживеам околината на многу поконтролиран начин, без да размислувам што прави моето лице или дали некој ќе го види моето лице”.
Докторките Валери Паркас и Беверли Форсајт, вонредни професорки по медицина и инфективни болести на Медицинскиот факултет Икан во Маунт Синај, Њјорк, ги советуваат луѓето да не ги фрлаат маските.
„Добро е да ги носите дури и за време на епидемија на грип, ако сте во голема гужва, преполни и затворени простории“, рече Паркас.
Носењето маски во иднина не може да изгледа исто како за време на пандемија со социјална дистанца и нивното носење во сите прилики, објасни Форсит. Но, не би требало да се носат цело време.