ЗАНИМЛИВОСТИ

НЕВИДЕН ХОРОР | Си го отсекол пенисот и го ставил во фиока, а потоа работите се искомплицирале, момчето (25) сега се бори за живот

By kukuriku

February 25, 2022

Млад Австралиец се бори за живот откако си го отсекол пенисот и го ставил во фиока. Полицијата го пронашла дечкото обилно крвав.

Полицајците во средата попладне побрзале на адреса во Wollongong, јужно од Sydney, каде што 25-годишен маж обилно крвавел.

Дечкото си го отсекол пенисот со нож од повеќе сечила и го ставил во фиока, а сега се бори за живот.

Полициска помош

Полицијата го пренела дечкото во болницата Wollongong, каде итно бил опериран. На полициските службеници кои први пристигнале на местото на настанот им било понудено психолошко советување.

Портпаролот на полицијата на NSW (Нов Јужен Велс) за Daily Mail Australia изјавил дека не ги коментира инцидентите на самоповредување.

Отсечен пенис

Оваа самоампутација доаѓа само неколку недели откако еден Тајланѓанец си го отсекол пенисот со ножици за време на застрашувачката психотична епизода предизвикана од канабис.

Повредата која му го променила животот се случила откако 23-годишник, чиј идентитет не се знае, испушил два грама марихуана, што е еквивалент на шест џоинта.

Два часа откако за прв пат по неколку месеци испушил џоинт, почнал да има болна ерекција која не била поврзана со никаква сексуална стимулација, а може да биде несакан ефект од пушењето канабис.

За време на неговата халуцинација, дечкото станал параноичен бидејќи главата на неговиот пенис изгледала „искривена“ додека се прегледувал за да го идентификува изворот на болката.

Во обид да го искорени проблемот, дечкото решил да ја „отсече“ кожата на својот пенис со ножици пред целосно да го ампутира, оставајќи дел од два сантиметри и засечен скротум од пет сантиметри.

Ампутација на пенисот

Лекарите накратко размислувале за повторно прицврстување на пенисот, но се покажало дека е премногу кревок.

Тој остана со „дел од пенисот“, но му треба операција за да може да уринира, според белешките на случајот во Journal of Medical Case Reports, пишува DailyMail.