Тој е вистинско чудо, ги надмина сите предвидувања на докторите. Повеќето деца со таква деформација, ако воопшто успеат да се родат, не живеат повеќе од неколку дена.
Малиот Џексон Стронг вистинско е чудо на животот со самото тоа што спеал да го доживее првиот роденден.
Првиот успех на детето од Флорида е што воопшто успеал да го доживее раѓањето со неговата болест. Малиот Џексон страда од екстремна и неизлечива деформација на мозокот наречена микро хидраненцефалија, поради што неговиот е мозок мал, а главата е значително помала од другите бебиња.
Повеќето деца со таква деформација, кој воошто успее да се роди, жиовеат само неколку дена, а во таа смисла Џексон Стронг е вистинско медицинско чудо, затоа што успеал да се доживее една година.
Неговата мајка Британи дала отказ од работа со цел да се грижи за своето сакано дете и ја основа страницата ‘crowdfunding’ со цел да собере средства за да ги плати медицинските сметки.
Родителите Брендон и Британи рекоа дека нивниот Џексон веќе докажал колку е силен, паметен и посебен, бидејќи ги постигна работите за кои лекарите се сомнева дека би можел да ги направи и покажува напредок секој ден, а неодамна постигна чудо прославувајќи го својот прв роденден.
Семејството до сега успеа да собере околу 55.000 $ од предвидените 70.000 илјади, и ги охрабруваат луѓето да ги поддржат во остварувањето на својот сон, а тоа е Џексон да го доживее својот втор роден ден.